„Народ гладува, повеќе од половина милион граѓани живеат со под 2 евра на ден, 55.000 ги загубија своите работни места, 6.200 фирми се затворија. Владее општа мизерија, заради власта која е неспособна, а Љупчо Николовски – Путерот и Драги Рашковски, баш во овој момент решија да се почестат одмори во Дубаи и Мексико од по десетици илјади евра.
Ова се луѓе одлепени од реалноста и забегани од криминалот.
Од тоа што може да се види низ интернет страниците на сајтовите за букинг станува јасно дека одмор во Дубаи чини околу 10.000 евра, односно 600.000 денари, тоа е колку годишните примања на една цела фамилија, од тие пари тие плаќаат сметки, живеат, школуваат деца, па можеби и одат на одмор, ама не во Дубаи како Љупчо – „Путерот“, рече Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
„Рашковски во поглед на раскош и гламур го надминал Љупчо – „Путерот“, од тоа што се гледа на интернет страниците на сајтовите за букинг и туристички агенции, одмор во Мексико во овој дел од годината, со хотелско сместување и авионски карти чини некаде околу 20.000 евра.
Само одморот на Рашковски чини колку 200 ваучери за туризам или 200 одмори на просечниот македонец.
Двајцата врвни луѓе на Заев за одмор трошат буквално колку еден стан. За две недели Љупчо – „Путерот“ и Рашковски ќе потрошат пари, колку што се потребни за обезбедување на дом за некое семејство, кое нема покрив над глава.
Ова се слики од некој од хотелите во Дубаи и Мексико. Да не ги мислите функционерите од власта. Ова е лудачка работа.
Оставки веднаш! Срамно, неморално, нечовечки!
Но тука се поставува уште едно прашање, кое не смееме да им го премолчиме. Од каде им десетици илјади евра за еден одмор. Платата на Љупчо – „Путерот“ и Рашковски е нешто околу 60.000 денари. За одмор во Дубаи и Мексико се потребни една односно две годишни плати на двајцата. Тоа значи дека или и двајцата не јаделе ништо две години за да идат на одмор, или имаат приходи кои не ги прикажале во нивните анкетни листови. Наскоро ќе знаеме!“, изјави Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
