СДСМ: Штом Мицкоски зине – лаже, прво велеше дека 140.000 граѓани останале без работа денеска вели 60.000 луѓе

Од:

„Штом Христијан Мицкоски зине – лаже. Лажеше Мицкоски дека немало доволно тестови за корона, лажеше дека немало заштитна опрема за лекарите, лажеше дека 140.000 па 100.000 граѓани останале без работа во време на пандемијата.

Денеска Мицкоски лаже дека 60.000 граѓани останале без работа поради кризата со коронавирусот“, реагира СДСМ на изнесените ставови на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Официјални податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека на само што нема 60.000 нови лица без работа, туку и дека бројот на вработени во последниот квартал од 2020 година е зголемен во однос на третиот квартал од истата година. Стапката на невработеност пак во последниот квартал од 2020 година изнесува 16.1 отсто и е помала во споредба со последниот квартал од 2019 година кога изнесувала 16.5 отсто.

Мицкоски не може да престане да лаже и не може да престане со обидите да му наштети на здравствениот систем. Граѓаните тоа го препознаваат и затоа шест пати го казнуваат на избори и затоа тој и неговата ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе бидат опозиција“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски