ОЈО Гостивар поднесе обвинение за даночно затајување против физичко и правно лице

Од:

Основното јавно обвинителство Гостивар по спроведена истражна постапка поднесе Обвинителен акт против едно физичко и едно правно лице за кривичните дела – Даночно затајување и Фалсификување или уништување на деловни книги.

– Во периодот од 22.12.2016 до 20.05.2018 година, со намера да избегне плаќање на давачка на која е обврзан со закон, првообвинетиот, во својство на управител и овластен потписник во обвинетото правно лице од село Топлица, Врапчиште, затаил парични средства на име данок на додадена вредност, персонален данок на доход и данок на добивка во вкупен износ од 2.447.852 денари, се вели во соопштението од ОЈО.

На овој начин, управителот е обвинет дека сторил кривични дела – Даночно затајување од член 279 став 2 во врска со став 1 и став 3, како и Фалсификување или уништување на деловни книги според член 280 став 2 и став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Фирмата, пак, како правно лице сторила кривично дело – Даночно затајување од член 279 став 3 во врска со став 1 и став 2 од Кривичниот законик.​​

Би можело да ве интересира

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ

Почна постапката за избор на наследникот на Ислам Абази

Горан Наумовски

Тошковски за аферата „Мазут“: Се надевам ЈО ќе собере храброст и професионално ќе се посвети на сите детали

Нови докази од истрагата за „ботоксот“: Обвинителството покрена истрага против две лица

Обвинителство: Обвинителката Џабирова Велков во случајот „Тотал“ морала да изврши преквалификација на обвинението

ОЈО Скопје бара мерки на претпазливост за три лица за насилство врз дете во Маџари