Комисијата за заразни болести проценува дали се потребни нови рестрикции

Од:

За денеска во 11 часот е закажана прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче. На неа се очекува тој да информира за проценките на Комисијата за заразни болести за евентуално нови мерки со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Комисијата за заразни болести, како што е најавено, треба да одржи состанок на кој ќе ја разгледа епидемиолошката состојба во земјава.

– На состанокот ќе се анализираат трендовите и инциденцата по региони како и бројот на хоспитализирани. Засега не можам да кажам дали ќе имаме нова препорака до Владата или не, изјави вчера министерот Филипче дадена вчера.

Како резултат на зголемениот број на новопријавени и хоспитализирани случаи на Ковид-19 во земјава е воведен полициски час до 22 март, што важи од 22 часот до 5 часот наутро.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски