СДСМ: Интерпелацијата на министерот за здравство ќе биде уште еден дебакл на опозицијата

Од:

„Неодговорноста и деструктивноста, која го карактеризира делувањето на ВМРО-ДПМНЕ во текот на целата пандемија со коронавирусот кулминира со конструирани случаи и со барање за интерпелација на министерот за здравство Венко Филипче.

Заради тесно партиски интереси ВМРО-ДПМНЕ, свесно и со умисла го поткопува здравствениот систем, му наштетува на угледот на државата и создава атмосфера на јавен линч на секој кој ќе се обиде да помогне во набавката на вакцините“, велат од СДСМ.

„До пред некој ден на ВМРО-ДПМНЕ му пречеше затоа што наводно институциите биле спори во набавката на вакцини, а денес критикуваат зошто институциите прават напори да обезбедат вакцини од што е можно повеќе производители. Нека се одлучат што точно им пречи.

Она што навистина им пречи е високиот степен на доверба на министерот Филипче и целиот здравствен систем коишто покажаа како треба да се справува во една здравствена пандемија.

Очигледно сето ова е резултат на фрустрацијата што Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ не можат да го одбранат криминалот во својата партија, што правдата ги стигнува сите, па дури и оние за кои се мислеше дека се недопирливи.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на сите порази од граѓаните и од правдата ќе го додадат и дебаклот со неоснованата интерпелација за министерот за здравство“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар