СДСМ: На Мицкоски поважен му е Камчев од партиските пари на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ скокнаа да го бранат Орце Камчев, иако бизнисменот е осомничен во предмет во кој со 1,3 милиони евра наводно украдени од донации на партијата се купувале плацеви на Водно.

Во овој предмет првоосомничен е Никола Груевски, второосомничен е Сашо Мијалков, третоосомничен кумот на Груевски, а четвртоосомничен е Орце Камчев“, велат СДСМ.

„На лидерот на белата палата во стечај, Мицкоски, очигледно му е поважен Орце Камчев, од финансиите на партијата.

Ова покажува колку се големи хипотеките на Мицкоски кон тајкунот на режимот Орце Камчев.

Затоа бранител на Камчев е првиот човек на партиската правна комисија на ВМРО-ДПМНЕ, Менкиновски, кој заедно со докажаниот губитник Мицкоски не успеа да го спречи носењето на Законот за јавно обвинителство.

Мицкоски, не успеа да ги заштити криминалците во своите редови, нема да успее ниту сега да го одбрани криминалот на режимот.

Правдата е тука и секој што го прекршил законот одговара“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски