Русија се закани дека една недела ќе го блокира Твитер

Од:

Русија денеска се закани со еднонеделна блокада на Твитер, откако веќе ја намали брзината на податоци за оваа социјална мрежа затоа што таа не успеала од својата платформа да отстрани нелегални содржини, јави ДПА.

-Доколку Твитер продолжи да не реагира на барањата за остранување нелегални содржини, таа може да биде блокирана во текот на следниот месец, рече денеска Вадим Суботин, заменик-шеф на медиумскиот регулатор „Роскомнадзор“, наведе Тасс.

Русија ја обвинува оваа американска социјална мрежа дека игнорирала околу 3.100 барања поднесени од 2017 година за отстранување на нелегални содржини од нејзината страница, вклучувајќи и детска порнографија или објави што влијаат врз малолетните лица да се самоубијат, пренесе ДПА.

Критичарите, меѓутоа, сметаат дека овој руски потег е обид за нарушување на правото на слобода на мислењето на социјалните медиуми.

-Некако одеднаш се наоѓаме во земја во која се блокира интернетот, денеска изјави Кира Јармиш, портпаролката на затворениот дисидент Алексеј Навални.

Русија веќе има блокирано стотици интернет страници, вклучувајќи ги и оние на владините противници.

Пред неколку недели во земјата стапи на сила законот според кој операторите на социјалните мрежи треба самите да ги ловат и отстрануваат забранетите содржини. Тоа меѓудругото подразбира или ги вклучува и повици за присуство на луѓето на протести што се организираат без соодветни дозволи од руските власти, пренесува ДПА.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија