Сирискиот претседател додели финансиски стимул во услови на криза

Од:

Сирискиот претседател Башар ал-Асад издаде декрет со кој се доделува финансиска помош на стотици илјади државни работници и војници. Тие ќе добијат еднократен надомест, што е еквивалентно на просечна месечна плата.

Финансискиот стимул – трет од октомври минатата година – е даден во услови на економска и валутна криза. Моментно на црниот пазар се разменуваат 4.000 сириски фунти за еден американски долар во споредба со 700 пред една година. Официјално, 1.256 сириски фунти се разменуваат за 1 долар. Речиси 80 отсто од Сиријците живеат во сиромаштија, а 60 отсто немаат пристап до храна, според ОН.

Претседателскиот указ појаснува дека 50.000 сириски фунти, што е близу 11 американски долари на црниот пазар, ќе бидат доделени еднаш, на официјални лица, вклучително и на оние со времени договори. Од друга страна, 40.000 сириски фунти ќе бидат издвоени за пензионерите.

Сириското централно биро за статистика соопшти дека инфлацијата достигнала од 180 до 300 отсто. Цената на килограм шеќер оваа година се зголеми од 700 сириски фунти на околу 2.400. Помошта е предвидена за околу два милиона луѓе.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка