(ВИДЕО) Костадинов: За Мицкоски најважно е да го брани Орце Камчев, затоа не ги бара партиските пари на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Осомничениот Орце Камчев е обвинет во предмет заедно со Никола Груевски, за злоупотреба на пари кои влегувале во ВМРО-ДПМНЕ.

Согласно обвинението, менторот на Мицкоски и осуден криминалец Никола Груевски се товари дека присвоил 1,3 милиони евра за да купува плацеви од десетици илјади квадратни метри.

Во овој предмет првоосомничен е Груевски, второосмничен е Сашо Мијалков, третоосомничен кумот на Груевски, а четвртоосомничен е Орце Камчев“, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

„Наместо да бара одговорност и враќање на парите, 1,3 милиони евра кои наводно се партиски пари, Мицкоски и актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена се растрчани во одбрана на Орце Камчев.

Ова, почитувани граѓани, покажува дека големи се хипотеките на Мицкоски кон тајкунот на режимот Орце Камчев.

Христијан Мицкоски не е ништо друго освен потрчко на Камчев, Мијалков и Груевски.

Затоа првиот човек на партиската правна комисија на ВМРО-ДПМНЕ, Менкиновски е адвокат на Камчев.

На Мицкоски поважен му е Камчев отколку парите на партијата, на членовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Христијан Мицкоски уште еднаш потврди дека е на страната на криминалот, на страната на режимот.

Токму затоа постојано е казнуван од граѓаните, токму затоа е во опозција и уште долго таму и ќе остане.

Не успеа досега Мицкоски, нема да успее ниту сега да го одбрани криминалот на режимот.

Правдата е тука и секој што се огрешил пред законот ќе одговара“, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар