ОН: Најмалку 93.000 загинати во Сирија

Од:

Бројот на загинати во Сирија до крајот на април достигна 93.000 лица, но вистинскиот број може да биде многу поголем, соопшти денес канцеларијата на Високиот комесар на ОН за човекови права.

Секој месец во просек животот го губат повеќе од 5.000 лица, а најголем број жртви се регистрирани во подрачјето на Дамаск и Алеп, од ноември минатата година.

Високата комесарка за човекови права, Нави Пилај истакна дека постојат и документирани податоци за малтретирање и убиства на деца, вклучувајќи и бебиња.

Конфликтите во Сирија започна во март 2011 година со мирни протести против режимот на претседателот Башар ал Асад, за да неколку месеца подоцна прераснат во граѓанска војна.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија