ВМРО-ДПМНЕ: Од 122 земји на листата на држави на Блумберг во кои има вакцинација, Македонија е на 118 место

Од:

„Бројката на починати од корона се движи кон 3.500, бројката на новозразаени секој ден се зголемува, газиме во третиот бран, сите се вакцинираат, ама не и Македонија.

Неспосбноста на Филипче и Заев да набават вакцини резултира со починати граѓани, резултира со тоа Македонија да е на дното на светската листа по вакцинирани лица.

Според податоците на Блумберг, Македонија е на 118 место од 122 држави. Македонија е на дното!“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Пред нас се сите држави од регионот. Србија високо котира на листата, а се подготвува за производство на руската вакцина.
Вакцини од КОВАКС механизмот пристигнуваат во други земји, ама не и во Македонија.

Кенија доби еден милион вакцини, Руанда 340.000 вакцини, Судан 800.000, Гамбија 36.000 вакцини, Сенегал 324.000 вакцини. Пред неколку дена Молдавија, која не е земја членка на НАТО, ниту е блиску до почеток на преговори со ЕУ доби 21.000 вакцини од ЕУ.
Филипче и Заев велат немало вакцини во светот затоа нема и во Македонија?!

Кого лажат? Можеби ги нема посакуваните количини, ама вакцини има за сите оние кои се заинтересирани да ги набават и тоа го сториле на време.

Одговорност за ваквото однесување мора да има!“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ