ВМРО-ДПМНЕ: Кој „грев“ е поголем, тоа што Менкиновски е адвокат на бизнисменот Камчев, или тоа што го бранел криминалот на Зоран Заев во случајот поткуп?

Од:

„Тони Менкиновски е адвокат со повеќедецениско искуство. Освен тоа што во моментот е адвокат на бизнисменот Јордан Камчев, тој бил и адвокат на Зоран Заев во случајот поткуп, со снимката каде што целата јавност виде дека Зоран Заев бара мито од 200 илјади евра, евро за црквата- евро за Вицето, истата таа снимка која судот на Заев ја забрани.

Водејќи се по оваа лажна прес конференција, би запрашале кој „грев” е поголем, тоа што Менкиновски е адвокат на бизнисменот Камчев, или тоа што го бранел криминалот на Зоран Заев во случајот поткуп?

За разлика од СДС кои контруираат лаги, ние зборуваме со факти и фотографии“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Богданка Кузеска од СДСМ.

„Но она што треба да се разјасни е следново:

По аналогијата на СДСМ прашуваме дали апсењето на Камчев е лична освета на Заев поради случајот Рекет каде е компромитирано целото СДС?

Што знае Камчев за парите од рекетот, а поради што се плаши Зоран Заев?

Колку средби имал Заев со Јордан Камчев, и дали на нив е зборено за пари?

Дали Камчев знае точно каде се отидени парите од рекетот за кој прво осудениот Бојан Јовановски рече дека треба да се бараат во Струмица, кај Вице и Зоран Заев?“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски