Иранската Револуционерна гарда денеска отвори нов подземен објект за складирање ракети, објави иранската државна телевизија.
Во извештајот се цитира командантот на гардата Хосеин Салами, кој истакна дека крстосувачките и балистичките ракети дополнително ќе ги зајакнат поморските сили.
Државната телевизија прикажа голем број ракети во затворен простор, кој потсетува на подземен коридор, но не соопшти каде се наоѓа објектот или колку ракети се складирани таму.