Преку онлајн петиција се бара Гарванлиев да не ја претставува Македонија на Евросонг

Од:

Откако македонскиот евровизиски претставник Васил Гарванлиев обелодени дека покрај македонскиот, поседува и бугарски пасош, дел од граѓаните распишаа онлајн петиција за негово повлекување на музичкиот натпревар. За кратко време по појавувањето петицијата имаше веднаш 2.000 потписи.


„Поради серијата скандали, Васил Гарванлиев е национален срам“, пишува во онлајн петицијата.

За гарванлиев се тргна наопаку со годинешната песна која во првичната верзија на спотот, во еден кадар се појавуваше знаме кое наликуваше на бугарското, па откако публиката реагираше на скандалот, спотот беше сменет. Но веднаш потоа се појави неговата изјава која е всушност снимка која е објавена минатиот месец.

Гарванлиев во тематско интервју за Евровизија, рече дека освен македонско, има и бугарско државјанство, што кај дел од граѓаните предизвика негодувања.

Евровизискиот претставник на Македонија, Гарванлиев, објасни дека тој повеќе од 20 години пее и ја претставува Македонија и тоа така ќе остане. Песната „Here I Stand“ е во продукција на Борче Кузмановски и Давор Јордановски, а Гарванлиев е автор на музиката и текстот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Томи Кеш ја отпеа „Еспресо Макијато“ во Италија на улица

Предраг Петровиќ

Премиерот на Шпанија: Израел да не учествува на Евровизија

А1он

(ВИДЕО) Скандал на Евросонг: Обезбедувањето удира и влече демонстрант против Израел

ВИДЕО: Австрија победи на Евровизија

Исланд, Словенија и Шпанија бараат Изараел да не учествува на Евровизија: „Не можеме да мижиме пред хоророт во Газа“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Шведска на Евровизија ја претставуваат Финците кои пеат за сауни