Лондон бара истрага против „Гугл“

Од:

Комитетот за финансии на Долниот дом на британскиот Парламент денеска побара да биде започната истрага против американската компанија „Гугл“, поради избегнување на плаќање данок на профитот остварен во Велика Британија.


Во извештај на Комитетот се наведува дека продажбата на британска територија „Гугл“ ја врши преку филијалата во Ирска, која има најниска стапка на корпоративен данок во еврозоната, со што го одбегнува плаќањето данок во Велика Британија за остварените приходи.


Во извештајот се посочува и дека поранеши вработени во „Гугл“ потврдиле дека вработени во филијалата во Ирска биле директно вклучени во продажба на територијата на Велика Британија.


„Гугл“ од своја страна соопшти дека работел целосно во согласност со даночните правила, но нагласи дека го поздравува секој чекор кој ќе овозможи даночниот систем да стане поедноставен и потранспарентен.


Извештајот на Комитетот доаѓа во пресрет на Самитот на Групата осум индустриски најразвиени земји во светот (Г-8), што следната недела ќе се оддржи во Северна Ирска, на кој Лондон најави дека ќе го покрене и прашањето за борба против избегнувањето на плаќање данок.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство