ВМРО-ДПМНЕ: Трет бран на корона во Македонија, вакции нема, мртви се повеќе, Филипче ќе одговара

Од:

„По повеќе од една година корона во Македонија сликата иста како и на почетокот, ако не и полоша, затоа што за оваа година можеше многу да се направи, ама не се направи ништо.

Трет бран и Филипче и Заев не направија ништо за да го организираат здравствениот систем, ама се грижеа за провизиите“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Прв бран без лична заштитна опрема, без тестови, без соодветни лекови, втор без болнички кревети, без тестови, трет бран пак нема болнички кревети, нема доволно тестови….

Иако е трет бран и во другите држави вакцинацијата стартуваше крајот на декември или почетокот на јануари, во Македонија нема вакцини, има само незначителни донирани дози.

Нема вакцини затоа што нема провизии. Во Македонија нема вакцини, нема лица кои стекнуваат имунитет затоа што примиле вакцина.

Ама бројката на починати се движи кон 3.500, бројката на заразени е повторно четирицифрена и за сето ова виновни се Филипче и Заев.

Одговорност за загрозување на јавното здравје мора да има!“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ