СДСМ: Криминалната ВМРО-ДПМНЕ од почетокот на пандемијата се однесува деструктивно и неодговорно

Од:

„Во текот на изминатите 12 месеци, кога нашата држава и целиот свет се бори со пандемијата, граѓаните видоа силна посветеност на Владата, институциите и на здравствениот систем во справување со пандемијата и деструктивно и незрело однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

Уште од првите моменти од пандемијата со коронавирусот ВМРО-ДПМНЕ бесрамно лажеше дека немало доволно тестови за коронавирусот, ги делеше здравствените работници на ваши и наши, потоа намерно ги прекршуваше мерките за заштита“, велат СДСМ.

„По налог на Мицкоски неговата послушничка во техничката влада Гордана Димитриеска Кочовска го кочеше заемот од Светска банка, пари за опремување на ковид центрите, а членот на Извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ Вело Марковски со изјавите дека вирусот не е опасен, дека не треба да се носат маски ги збунуваше граѓаните и ги охрабруваше да не ги почитуваат мерките за заштита.

Сега, оваа партија симбол на криминалот, шири лажни документи со лажни цени со цел да го поткопа процесот за набавка на вакцини против коронавирусот.

Истовремено, ВМРО-ДПМНЕ со 2.000 амандмани ја го кочи изградбата на нов Клинички центар, прв што ќе се гради во државата по цели 80 години.

ВМРО-ДПМНЕ се однесува деструктивно и неодговорно, на штета на државата, граѓаните и јавното здравје и затоа е поразувана од граѓаните и уште долго ќе биде во опозиција“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата