ЈО потврди: Камчев е во притвор затоа што планирал да бега

Од:

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија попладнево потврди дека врз основа на сознанијата од Агенцијата за национална безбедност дека Јордан Камчев се подготвува за бегство, е побаран притвор од 30 дена за него.

– Денеска во утринските часови, врз основа на сознанијата на Агенцијата за национална безбедност дека Јордан Камчев се подготвува за бегство, Министерството за внатрешни работи го лиши од слобода. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во рамките на своите надлежности до Основниот кривичен суд – Скопје достави Предлог за определување на мерка притвор. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена, се наведува во соопштението.

Камчев е еден од шесттемина осомничени лица за кои во октомври минатата година Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка заради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело – Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 од Кривичниот законик.

Поранешниот премиер Никола Груевски, како што појаснуваат од ЈО, незаконски присвоил најмалку 1,3 милиони евра од донациите за ВМРО-ДПМНЕ додека бил претседател на партијата и со тие пари купувал плацеви на Водно. На Груевски, во перењето на нелегално стекнатите пари му помагале Мијалков и Камчев кои се второ и четвртоосомничен. Третоосомничен е Ристо Новачевски.

Според истрагата, Груевски во периодот од 2006 до 2012 година ги примил лично дел од донациите за финансирање на партијата и не ги прикажал како примени донации во финансиските извештаи на партијата со што присвоил најмалку 1.300.360 евра или 79.972.140,00 денари. Во периодот од октомври 2012 до септември 2013 година тие пари ги пуштил во оптек купувајќи градежно земјиште на Водно преку фирма-ќерка на фирма од Белизе. Управител на оваа фирма бил кумот Новачевски. Парите од донациите биле префрлени на сметката на фирмата -ќерка по што потоа Новачевски со тие пари им плаќал на сопствениците на земјиштето со цел да се сокрие изворот и вистинскиот сопственик на земјиштето со вкупна површина од 11 илјади метри квадратни.

Во купувањето плацеви на Водно биле вклучени и мајката на Орце, Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ.

Би можело да ве интересира

Маскиран влегол со автоматска пушка и украл на 5000 евра од казино во Лешок

Бајрами: Изборниот ден се одвива без поголеми нарушувања и нерегуларности

Градежните работници се пуштени, Обвинителството го почна увидот за пожарот во Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Тошковски: Несериозни и непрофесионални се изјавите за убиството на лекарот

Пијан Србин избоде маж во угостителски објект во Јосифово

Катерина Ѓуровски

За насилникот кој злоставуваше малолетничка се бара притвор, немала ни 15 години

Катерина Ѓуровски