Филипче ќе го тужи пратеникот Лефков

Од:

Министерот Венко Филипче најави тужба за пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков поради обвинувањата за криминал во набавката на вакцината против Ковид-19 од Кина.

„Со очјани и срамни лаги ВМРО-ДПМНЕ продоложува да ме клевети, но уште пострашно намерно да го поткопува процесот за набавка на вакцини. Лажни и неточни се информациите за сумата која наводно била платена за вакцини, а документите кои се пласираат по нивните портали целосен фалсификат“ – вели минстерот за здравство.

Тој вели дека она што ќе остане е штетата која ја напрви ВМРО-ДПМНЕ во овој процес и сите блокади и деструкции од почеток на пандемијата.

„Јас веќе нема да молчам веќе. Утре до граѓанскиот суд ќе поднесам тужба за навреда и клевета и нарушување на мојата чест и углед против Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ кој денес на прес конференција изнесе низа лаги во однос на цените и набавката на вакцините. Уште еднаш сакам да порачам, престанете безочно да ги лажете граѓаните со фалсификати и измислици, тоа не ви носи политички поени, а сериозно може да ја искомпромитира набавката на вакцините“ – стои во соопштението од Филипче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ако вака продолжиме ЕУ ќе не врати повторно на ниво на скрининг

Филипче: СДСМ ја постави борбата против родово-базираното насилство како државен приоритет

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Единствено што прави СДСМ е барање поддршка на семејствата и откривање на вистината за Кочани

(ВИДЕО) Филипче: Судењето за Кочани е тест за целото општество, мора да се води кристално чисто

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС врие и револтот од Филипче веќе никој не го крие, наместо промени, партијата ја движи кон поголема пропаст

Трајановски не е промена за СДС, промена и реформа се можни само со оставка на Филипче, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски