Во интервју за „Wiwibloggs“, евровизиски канал на „Јутуб“, македонскиот претставник на Евровизија, Васил Гарванлиев, кажа дека освен македонско, има и бугарско државјанство. Во моментот кога водителот му вели: „Вие сте државјанин на Македонија, и…“, Гарванлиев продолжува и вели: „и Бугарија…“.
Толку, пишете му крст ❌ pic.twitter.com/jPGGkUVpfA
— p|ps ? (@m0rban) March 14, 2021
Во интервјуто, водителот го прашува: „Па, како имате бугарски пасош?“, а Гарванлиев одговара: „Далечен роднина на мојата баба е роден… Струмица е многу блиску до бугарската граница, јас сум од тој дел на државата, па ете како“.
Интервјуто со Гарванлиев е објавено пред еден месец, односно на почетокот од февруари.
Претходно, поради негативните реакции, Гарванлиев го промени и спотот, во кои некои препознаа бугарско знаме во делото на уметницата Жанета Вангели, кое е поставено во Националната галерија Даут Пашин Амам. Евровизискиот претставник на Македонија, Гарванлиев, објасни дека тој повеќе од 20 години пее и ја претставува Македонија и тоа така ќе остане.
Гарванлиев по вторпат ја претставува Македонија на Евровизија, овојпат, со песната „Here I stand“.