Ван Бален до Ештон: Дали ЕУ знае за насилството во Центар

Од:

Ханс ван Бален, шефот на делегацијата на холандската владеачка Народна партија за слобода и демократија, како дел од групата Алијанса на либерали и демократи за Европа во Европскиот парламент,  достави прашања  до Катрин Ештон, Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ .

Прашањата се однесуваат на насилството во општина Центар и врз градоначалникот Андреј Жерновски.

На 7.јуни 2013, петок, во Скопје (Македонија), толпа граѓани упадна во просториите на општина Центар, чиј Совет беше во заседавање. Од толпата, пишува Ханс ван Бален, се извикуваа расистички, ксенофобични и навредливи пароли, а влезот на општината беше забарикадиран.

И покрај присуството, констатира, полицијата не интервенираше. Градоначалникот Андреј Жерновски(лидер на Либерално-демократската партија),  констатира Претседателот на Либералната интернационала ,кој присуствуваше на состанокот на Советот, побара од властите интервенција за спречување на толпата, но интервенција немаше.

Ван Бален ја прашува Ештон:

1) Дали Високиот претставник за надворешна политика (ВПНП) е запознаена со неодамнешното насилство во Скопје?

2)  Исто така, дали ВПНП им има предочено на македонските власти дека мораат да обезбедат слободно одвивање на (сите политички) состаноци и да ја заштитат слободата на изразување, а воедно дека неинтервенцијата на полицијата е неприфатлива? Дали ќе биде побарано/а одговор(ност) од македонските власти?

3) Какви активности презема ВПНП за да не се повторат таквите насилства?

4) Според сведоците, насилствата се оркестрирани од страна на властите. Дали ВПНП има докази за тие сознанија? Какви се заклучоците на ВПНП по однос на тоа?

Прашањата се доставени до Европската комисија, која е должна да одговори на истите.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории