Изминаа првите десет дена од пописот, во кој што првпат е опфатена и нашата дијаспора. Министерството за надворешни работи е посебно ангажирано во овој процес има отворено посебни телефонски линии опремени со најсовремените дигитални алатки ватсап/вајбер за да може граѓаните од која било точка на планетава да се обратат.
Информациите се достапни на веб страната на МНР и на веб страните на нашите амбасади, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи во видео-обраќање објавено на неговиот Фејсбук профил.
Тој нагласи дека апликацијата функционира едноставно, со што околу 50 илјади граѓани се самопопишани во првите десет дена, а амбасадите низ целиот свет се ангажирани да направат акциски планови за да можат да стигнат до секој граѓанин.