Шекеринска за Ковачки: Ем лажго, ем плачко

Од:

„Ем лажго – ем плачко“, ова е рекацијата министерката за одбрана Радмила Шекеринска по најавата за тужба од полковник Драган Ковачки за казната од 30 посто пониска плата по пораката што тој ја упати до началникот на Генералштабот дека е „долга раката на ВМРО“.

„Да реагирав на твитер ке речев “ем лажго – ем плачко’. Тажно е кога еден офицер упатува закани, а особено против началник на Генералштаб. Срамно е и на пониско ниво, а особено кога против еден генерал ќе напишеш ‘долга е раката на ВМРО’. Не оди заедно и партиската и воената униформа. Полковникот покажува непознавање на законите. Во многу држави кога еден офицер партиски му се заканува на началник- генерал, тоа поминува со отказ. Можев да го одобрам и тоа и губење на чинот. Тој не доби отказ, јас сметав дека треба да му се даде последна опомена. А сега, кога е казнет од плата, тој плаче. Тоа е несоодветно за еден офицер“, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска на настанот по повод реновирање на објекти во скопската касарна „Илинден“.

Би можело да ве интересира

Ковачки: Нашата сила е во заедништвото тоа ќе донесе нови патишта и улици, почисти и поуредени населби, подобри училишта, повеќе можности за младите

Шекеринска: НАТО нема да се двоуми во обезбедувањето помош за Украинa

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ковачки: СДС и нивната непромислена политика на веднење кичма ја донесе Македонија до степен на негација од Бугарија

(ВИДЕО) Ковачки: Целта на Бугарија е бришење на јазикот и удирање на идентитетот, СДС знаеше за ова и го дозволуваше истото

Ковачки до опозицијата: Крш држава, празна каса, катаклизмична состојба – каква држава остави СДС?

Ковачки: Ќе ги покачиме платите во МВР, силно вложуваме во капацитетите на МВР и МО

Горан Наумовски