Британските граѓани повозрасни од 40 години, наскоро ќе добијат можност за вакцинација против Ковид-19. Се очекува до Велгден оваа возрасна категорија да може да ја прими првата доза од вакцината јавува весникот Телеграф цитирајќи висок извор од владата.
Според најавите, залихите со вакцини во Велика Британија ќе се удвојат со што на Националната здравствена служба ќе и биде овозможено во следните седмици да нуди и по еден милион вакцини дневно.
Луѓето повозрасни од 50 години покани за вакцинација треба да добијат веќе претстојнава седмица што е околу три недели поорано од предвидениот рок на Владата тврди весникот.
Од друга страна Владата и натаму стои на предвидениот план за имунизација. Од Владата велат дека лицата над 50 години ќе можат да почнат да се вакцинираат во средината од април, а сите возрасни во земјата ќе можат да примат вкацина до крајот од јули.