Британскиот тенисер Енди Мареј го откажа настапот на претстојниот турнир во Дубаи, откако денеска стана татко по четврти пат.
Мареј е шест години во брак со сопругата Ким, а брачната двојка веќе има две ќерки, Софија (5) и Еди (3), како и едногодишниот син Теди.
Поранешниот светски тенисер број 1, по минатонеделниот настап во Ротердам требаше да ја продолжи сезоната во Дубаи, каде од 16 до 21 март на програмата е турнир од серијата 500.
Мареј во моментов е 116 тенисер на АТП листата, а пред него, настапот на турнирот во Дубаи го откажа и Швајцарецот Роџер Федерер.