Грција го продолжи карантинот за уште една недела, школите ќе останат затворени до 29 март

Од:

До 29 март ќе бидат затворени основните и средните училишта во цела Грција и од вторник, онлајн настава ќе следат и учениците во деловите од земјата каде што се одржуваше редовна настава со физичко присуство, а паралелно карантинот и рестрикциите во Грција се продолжуваат за уште една седмица.

Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас попладнево ги соопшти одлуките, по препораките од надлежната комисија на епидемиолози.

Грција и понатаму е поделена во две зони темноцрвена („многу зголемена опасност“) и црвена („зголемена опасност“) согласно епидемиолошката слика во секој од регионите.

Во темноцрвената зона се областа Атика, поширокиот дел Атина, Солун и уште 26 други региони, од кои осум беа денеска соопштени и во сила се построги рестрикции, односно целосен карантин со полицискиот час од 19 часот до 5 часот наутро, со исклучок на Солун и Атина, каде што од понеделник до петок е од 21, а само за викендите од 19 часот.

Во црвената зона полицискиот час е од 21 часот, додека пак досега учениците од основните и дел од средните училишта следеа настава со физичко присуство, нешто што од вторник нема повеќе да важи.

Актуелните рестрикции во сила ќе бидат до 22 март 2021 година.

Хардаљас рече дека надлежната комисија дала позитивна препорака за отворање на малопродажбата, но кога тоа ќе го дозволи епидемиолошката слика.

Грција од 7 ноември 2020 година е во карантин и со воведен полициски час, со исклучок на мали временски периоди кога постоеше олабавување на мерки, додека пак областа Атика, поширокиот регион на Атина во строг карантин е веќе 20 еден месец.

Во изминатите 24-часа во Грција се регистрирани 2.405 нови случаи на Ковид-19, од кои 1.137 од новозаразените се во областа Атика, починаа 49 лица, а 521 пациент е приклучен на апарати на Одделите за интензивна нега.

Од почетокот на пандемијата во Грција има 217.018 потврдени случаи на Ковид-19, а починаа 6.986 лица.

Професорката епидемиолог Вана Папаевангелу на денешната редовна прес конференција рече дека минатата седмица се зголемил бројот на хоспитализирани со прием на 400 пациенти дневно, додека пак во изминатите два дена оваа бројка достигнала до над 500 пациенти.

Додаде дека е зголемен притисокот врз здравствениот систем, особено во областа Атика, поширокиот регион на Атина каде што се исполнети 92 отсто од капацитетите на одделите за интензивна нега наменети за Ковид-19.

Во однос на процесот на имунизација, професорката рече дека досега се спроведени над 1,2 милиони вакцинации, 7,8 отсто од населението ја примило првата доза, а со двете дози вакцинирани се 3,6 отсто од граѓаните и истакна дека вакцинацијата спречила 12.000 нови случаи.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната