Состојбата во градинките е стабилна и тие остануваат отворени, вели Шахпаска

Од:

Министерката за труд и социјална политика Јахода Шахпаска вели дека состојбата поврзана со ковид-пандемијата во детските градинки е стабилна. Тие остануваат и натаму отворени, но се следи ситуацијата и дополнителни мерки ќе бидат преземени согласно тоа како таа ќе се развива.

-Во градинките согласно последниот неделен извештај има нови 14 позитивни дечиња, и 34 вработени. Состојбата во градинките е под контрола. Со денешна дата 15500 деца се присутни во градинките и секоја седмица интересот на роителите за носење на децата во градинки се зголемува. Но, имајќи предвид дека по здравствените пототоколи во градинките смее да бидат згрижени 21300 деца, се уште има места за згрижување, рече министерката Шахпаска одговарјќи на новинарско прашање по посетата на Дневен центар за лица со попреченост во Берово.

Наша констатација, вели таа, е дека градинките треба да останат отворени. Епидемиолошката состојба во државата се следи, нагласува Шахпаска, додавајќи дека врз основа на тоа како таа ќе се движи ќе бидат носени и соодветни мерки кои треба да го заштитат здравјето на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски