(ВИДЕО) Стоилковски: ЈО фатено во „радарот“ на Рашковски?

Од:

„Драги Рашковски како генерален секретар на режимот на Зоран Заев набавува софтвер за МВР, МВР нема поим за тоа, цела година не се употребува набавеното и платеното, Зоран Заев во име на режимот пресекува дека нема никаков сомнеж и набавеното МОЖЕБИ во иднина ќе се употребува, а Јавното обвинителство не отвора предмет по допрен глас?

Режимот на Заев преку генералниот секретаријат воден од неговиот близок, набавува софтверско решение за системот на камери на МВР, притоа МВР како велат водат свои набавки за одржување, а набавениот платен софтвер од секретаријатот на Рашковски не се употребува“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Драги Рашковски е иноватор на систем од софтвер (програма) и хардвер (апарат) со исти цели како и набавениот софтверот кој што не се употребува од МВР. За овој патент на систем од софтвер и хардвер Драги Рашковски јавно се пофали дека е награден за иновација.

Фирмата која што е добитник на тендерот распишан од Драги Рашковски, за набавка на софтвер со исти цели и со перфоманси на системот каков што патентирал Рашковски, е добитник на три тендери од генералниот секретаријат на Драги Рашковски, во вкупна вредност од над 320 илјади евра. Фирмата е добитник на тендерите, и е основана само една недела, девет дена точно откако Рашковски станува генерален секретар на режимот на Зоран Заев.

И Јовески и Русковска, истовремено немаат абер да отворат предмет можеби поведени од изјавата на Заев дека, како вели Заев дека „немало никаков сомнеж“. Обвинителството продолжува да молчи за скандалите за можна висока корупција на режимот на Зоран Заев. Со тоа имаат личен удел во тонењето на Македонија на мерењата за корупција!

Да потсетам, Јавното обвинителство на Јовески, како и Јавното обвинителство за организиран криминал на Русковска не отворија предмет ниту за скандалот „Леонардо“, повторно набавка на Драги Рашковски тешка милиони евра!

Дали зад овој молк на Јавното обвинителство за скандалите на Рашковски стои блискоста на Заев со Драги Рашковски, и експресното отфрлање на сомнежот од Заев кон неговиот близок Рашковски, одговор ќе даде Јавното обвинителство, кога ќе се ослободи од канџите на Заев, кога Јавното обвинителство ќе излезе од радарот на Драги Рашковски.

Режимот нема сам да се осуди. Љупчо Николовски кој што и сам е вмешан во актуелен скандал, се сокри зад режимско соопштение, со што продолжува да биде министер ЗА корупција!“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кој навредува, а кој не знае да чита – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со обвинувањата

Катерина Ѓуровски

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

Митева: СДС и ДУИ го донеле буџетот во опасност од Арбитражни побарувања од 1.3 милијарди евра

Со добра координација ќе се надмине овој „ситен проблем“ порача Таравари по превирањата за Законот за бранителите

Митева: Владата на СДС и ДУИ поделила 100 милиони евра без јасни критерими констатира ДЗР, тоа се пари безмалку доволни за изградба на Клиничкиот во Скопје

Петрушевски: Додека владата должела 50 милиони за субвенции на земјоделците, Николовски плаќал хотелски соби од неколку стотина евра

Катерина Ѓуровски