Сноуден би можел да остане во Хонг Конг „со години“

Од:

Американецот Едвард Сноуден, кој ја разоткри строго чуваната тајна за прислушување и надгледување на телефонската и интернет комуникација во САД, би можел да остане во Хонг Конг „со месеци, па и со години“ во очекување на разврската околу неговиот случај.

Правни експерти веруваат дека американскто Министерство за правда настојува да најде „вистинско решение“ околу Сноуден и неговото „предавство“ како и големата штета што тој им ја нанесе на безбедносните служби и разузнавањето во САД.

Американските власти би можеле да се определат за поднесување кривично обвинение против Сноуден и да побараат од него самиот да се предаде. Тоа според експерти, правно-технички не е екстрадиција, па ваквата солуција може да им помогне на властите во Хонг Конг, бидејќи територијата не е суверена држава, туку е дел од НР Кина.

Хонг Конг и САД имаат од претходно спогодба за екстрадиција, но бегалецот Сноуден со правниот тим кој ќе го застапува ќе може да се брани дека неговиот случај не е дел од американско-хонгконшката спогодба, дека случајот за него е „политички“ а не криминален, и да побара азил.

Властите на оваа територија која има голема самоуправа во рамки на кинеската политика – за една територија со два система – ќе одлучуваат за случајот на Американецот, но локални имигрантски експерти изјавија за британските медиуми дека потоа ќе следи долг период на жалби на неколку нивоа.

Тие веруваат дека во крајна линија, во случајот би можел да се вмеша и официјален Пекинг, што ќе влијае прашањето околу американскиот бегалец да се развлече долги години.

Сноуден побегна од САД во Хонг Конг, а потоа избега и од својот тамошен хотел и сега е „без трага“ иако се верува оти се уште се крие на хонгконшка територија. Тој се заканува со нови откритија за надгледувањето на телефонската и интернет комуникација.

Би можело да ве интересира

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

Шефот на ЦИА: Западот не треба да се плаши од руските закани за нуклеарна ескалација

Горан Наумовски

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

ЦИА: Украина има намера да задржи дел од освоената руска територија на некое време

ВИДЕО: Шефот на ЦИА се сретна со Кури во Приштина

ЦИА: Лидерот на Хамас Јахја Синвар е под притисок да прифати договор со Израел