Повеќе од 93.000 лица загинаа во војната во Сирија до крајот на април оваа година, а вистинската бројка може да биде и уште поголема. Меѓу нив има 6.500 деца, се наведува во извештајот на ОН.
Според документот, од минатиот јули во Сирија месечно се убивани во просек по 5.000 луѓе. Од ноември најмногужртви се регистрирани во реонот на Дамаск и Алепо.
Имајќи ги предвид најновите податоци, високиот комесар на ОН за човекови права Нави Пилај повика за итен прекин на огнот.