ВИДЕО: Поддржувачи на Слободан Милошевиќ одбележаа 15 години од неговата смрт

Од:

Поддржувачи на Слободан Милошевиќ пристигнаа денеска во Пожаревац, да му оддадат почит на поранешниот претседател на Србија и СР Југославија, на 15-годишнината од неговата смрт.

Меѓу присутните на комеморацијата беше поранешниот српски премиер Никола Шаиновиќ, како и делегација од Социјалистичката партија на Србија.

„Тој мене ми значи многу, затоа што таков претседател не се памети низ целата историја на човештвото. Беше добар, чесен, немаше влакна на јазикот. Ја бранеше Србија, тој издржа, разбирате? Но, во Хаг го уништија злосторници, го отруја. Јас до крајот на животот ќе му останам верен на претседателот, како на најдобриот претседател,“ изјави еден од поддржувачите на Милошевиќ кои денеска дојдоа во Пожаревац.

Милошевиќ почина од срцев удар во 2006 година во неговата ќелија во Меѓународниот трибунал за воени злосторства во Хаг. Тој беше уапсен и испорачан во Хаг во 2001 година, каде одговараше за злосторства против човештвото и етничко чистење за време на војните во поранешна Југославија. Србија не дозволи погреб со државни почести, па Милошевиќ беше погребан во дворот од неговата семејна куќа во Пожаревац. Неговата сопруга Мира Марковиќ, која почина во 2019, е погребана покрај него.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Плафон падна врз гости во дискотека во Србија, има повредени