(ВИДЕО) Промовиран и спотот за македонската евровизиска песна

Од:

Евровизискиот претставник на Македонија, Васил Гарванлиев го промовираше видео-спотот за песната „Here I Stand“ со која ќе настапи на годинашниот Евросонг во Ротердам, Холандија.

Васил е автор на музиката и текстот, а аранжманот и продукцијата се на Борче Кузмановски и Давор Јордановски. Придружните вокали се снимени во Чикаго, а ги пеат некогашни членови на Детскиот хор на Чикаго во кој пеел Васил кога како дете живеел во Америка.

Тој за медиумите изјави дека е горд што ќе ја претставува Македонија со оваа композиција. Гарванлиев посочува дека песната го отсликува него и неговата животна приказна, а верува дека ќе допре до сите кои минале низ трнлив пат и воделе тешки битки.

За евровизиската песна е снимен и спот на повеќе локации, а го отсликува го процесот на снимањето на песната во студиото FAMES, дел од сцените се снимани во Даут Пашин Амам во Скопје, има и кадри од Културниот Центар во Чикаго, каде Васил поминувал многу време со Детскиот Хор од Чикаго.

Гарванлиев по вторпат ја претставува Македонија на Евровизија.

Би можело да ве интересира

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Победникот на Евросонг го скрши трофејот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Предраг Петровиќ

Холандија е дисквалификувана од Евровизија