Кина понуди дополнителни дози вакцини за олимпијците во Токио и Пекинг

Од:

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) Томас Бах изјави денеска дека е постигнат договор со Олимпискиот комитет на Кина за обезбедување дополнителни дози вакцини против коронавирус за учесниците на претстојните Летни олимписки игри во Токио, како и за спортистите, кои ќе настапат на Зимските олимписки игри во Пекинг идната година.

-МОК доби љубезна понуда од Олимпискиот комитет на Кина, домаќин на Зимските олимписки игри во Пекинг во 2022 година, да ни обезбеди дополнителни дози вакцини за учесниците на Летните и Зимските олимписки игри во Токио и Пекинг, изјави Бах по денешниот онлајн состанок со претставници на Олимпискиот комитет на Кина.

Летната олимпијада во Токио ќе биде одржана под строги здравствени протоколи и без присуство на навивачи од странство, а МОК ги повика националните олимписки комитети да ги вакцинираат своите спортисти.

-МОК ќе ги плати дополнителните дози вакцини, не само за олимписките, туку и за параолимписките екипи. Ветив дека ќе се потрудам што повеќе учесници да бидат вакцинирани пред доаѓањето во Токио. Сега можам да кажам дека значителен број на спортисти веќе се вакцинирани, во согласност со мерките што важат во нивните земји, посочи Бах.

Првиот човек на МОК додаде дека кинеските вакцини ќе се дистрибуираат преку меѓународните агенции или преку постојните договори за нивна набавка што државите ги имаат склучено со Кина.

Игрите во Токио ќе се одржат од 23 јули до 8 август, додека Зимските олимписки игри во Пекинг ќе бидат отворени на 4 февруари идната година.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина

Кина ја погоди земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала