Владини претставници на комеморациите по повод 78-годишнината од холокаустот на македонските Евреи

Од:

По повод 78-годишнината од холокаустот на македонските Евреи во Втората светска војна, владини делегации денеска присуствуваа во Скопје на комеморативните настани, организирани од еврејската заедница во нашата земја.

Како што соопшти владината прес-служба, во спомен на овој трагичен настан, владина делегација предводена од министерот за правда Бојан Маричиќ положи цвеќе на споменикот во чест на 7144 македонски Евреи, кој се наоѓа во поранешниот скопски Монопол („Империал тобако – ТКС“), од каде во 1943 година биле депортирани кон нацистичкиот логор на смртта „Треблинка“.

Владина делегација предводена од министерката за култура Ирена Стефоска положи цвеќе пред споменикот на депортираните Евреи и споменикот на паднатите борци во Народно-ослободителната борба (НОБ) на градските гробишта „Бутел“ во Скопје.

Во Република Северна Македонија и годинава на пригоден начин со низа активности и настани се одбележува споменот на жртвите од холокаустот за никогаш да не се заборави оваа голема трагедија, но и како потврда на заложбите за борба против антисемитизмот и сите форми на зло и неправда, се посочува во соопштението.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски