Започна седницата на општина Центар, на која советниците треба да расправаат за ДУП-овите и буџетот на општината.
Пред општината е мирно и нема демонстранти, како што беше случај на претходните две седници.
Поради безбедност на општината и вработените, на прозорците има решетки, поради тоа што минатиот пат тие беа искршени од јајцата кои ги фрлаа демонстрантите.
Здружението „Веритас“ денеска имаше средба со Ванчо Шехтански, директор на Државен инспекторат за локална самоуправа. Нема детали за што се се разговарало на средбата.
Претседателот Шиповиќ побара половина час пауза, за Комисијата за финансии и буџет да се изјасни за сите амандмани за изменување и дополнување на буџетот.
Петар Клинчарски