Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 28 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 350 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 10 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 4 примени пациенти и 10 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 4 пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 23 оздравени пациенти, информираат од Министерството за здравство.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 27 пациенти, на Клиниката за неврологија 33 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 55 пациент со симптоми на коронавирусот.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 79 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 126 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 25 пациенти. На ГАК има 5 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.
Вкупно 350 пациенти потврдени и сомнителени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка, велат од Министерството за здравство.
Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 22 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Отворена е и модуларната болница во склоп на Инфективната клиника со дополнителен број кревети.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, соопштува Министерството за здравство.