Жерновски побара поведување прекршочна постапка против организаторите на вандализмот во Центар

Од:

Градоначалникот на општина  Центар, Андреј Жерновски, поднесе барање за поведување на прекршочна постапка против непознат сторител, поради уништување на општински имот и загрозување на животот на легално избраните советници, градоначалник, општинската администрација и претставници на  медиумите.

Градоначалникот не може да поднесе пријава против организаторот, бидејќи во регистарот не може да се идентификува организацијата „Веритас“, која се јави во медиумите како организатор на протестите.

po-protest1

Градоначалникот ја повикува Сузана Миновска, која даваше изјави во име на „Веритас“, да  го открие идентитетот на организацијата. Ја поканува да дојде во општината или тоа да го стори во МВР-Сектор за јавен ред и мир.

И во дописот до полицијата, според информациите од командирот, немало печат и адреса, за да се види кој точно го организирал протестот, кој го најавуваа како мирен и граѓански.

po-protest3

Во пријавата  е наведена штетата и што точно се случуваше за време на седницата на Советот.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски