СДСМ: Нема ништо незаконско во набавката на вакцини

Од:

„Кај опозициската ВМРО-ДПМНЕ очигледно се уште силно е присутна режимската матрица и навиките за криминално и коруптивно дејствување, па во сé гледаат провизии.

Нема ништо противзаконско во набавката на вакцините од НР Кина“, велат од СДСМ.

„Додека целиот свет е во јагма по вакцини, Владата предводена од СДСМ, прави секакви напори за набавка на вакцини преку сите можни канали, а писмо со намери било доставено преку десетина фирми од неколку држави.

Со ова потона уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа што лажните вести на Мицкоски, ги брани Антонио Милошоски, осуден и казнет за кривични дела во Германија покажува колкав е очајот во белиот дворец.

Од ВМРО-ДПМНЕ во текот на целата пандемија видовме само лажни вести, дезинформации, опструкции, обиди за поткопување на здравствениот систем и лажна загриженост за здравјето на граѓаните“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски