Пад на цената на нафтата поради немирите во Турција

Од:

Цената на суровата нафта утрово забележа пад по ненадејниот раст на американските резерви на овој енергенс и зголемената загриженост околу немирите во Турција, наведуваат аналитичарите.

Американската „лесна“ нафта на берзата во Њујорк се намали за 37 центи, достигнувајќи 95,51 долар за барел, додека нафтата од типот „брент“ на Лондонската берза поевтини за 31 цент на 103,28 долари.

– Многумина очекуваа сезонски пад на резервите, но тоа овој пат не беше случај, изјави аналитичарот од сиднејската компанија „Фет профетс“ Дејвид Ленокс.

Според соопштението на американската Агенција за енергетски информации (ЕИА), американските резерви на нафта во неделата заклучно со 7 јуни пораснаа за 2,5 милиони барели наместо очекуваниот пад од 400.000 барели.

Би можело да ве интересира

Трамп ќе воведе царини од 25 отсто за земјите што купуваат нафта и гас од Венецуела

Нови цени на горивата

Вучиќ тврди: САД и Британија за неколку дена ќе воведат санкции за српската нафтена индустрија

САД бараат начини да ги намалат приходите на Русија од нафтата

Пад на цената на нафтата

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол