Изложба на Моми во Белград

Од:

Музејот на современата уметност  на 14 јуни во галерискиот простор на Културениот центар на Белград ќе ја отвори изложбата „Множество, божество, рождество“ на групата македонски уметници Моми.

Куратори на овој изложбен проект се Ива Петрова и Благоја Варошанец. Оваа изложба на Моми-те: Ана Ивановска, Марија Сотировска, Маја Кировска, Христина Зафировска, Зорица Зафировска, Кристина Хаџиева и Татјана Ристовска е дел од меѓународната програмска активност на Музејот за 2013 година.

Моми-те ќе се претстават се претстават со дела, изработени во различни техники: цртеж, сликарство, колаж, објект, инсталација.

Ова претставување во Белград финансиски е поддржан од Министерството за култура на Македонија.

Изложбата ќе ја отворат Елиза Шулевска, директорка на Музејот на современата уметност и Миа Давид, директорка на Културниот центар на град Белград.

Изложбата ќе биде отворена до 30 јуни.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска