Кичево: Утре и задутре ќе се тестираат кандидатите за попишувачи и инструктори

Од:

Во Кичево утре и задутре ќе бидат тестирани вкупно 146 кандидати за реонски попишувачи и инструктори за претстојниот попис на населението, становите и домаќинствата што треба да се спроведе во април. Од нив, 13 лица ќе станат реонски инструктори, а 128 реонски попишувачи.

Одговорниот државен инспектор Јован Сапунџиоски за регионот на Кичево истакна дека тестирањето ќе се спроведе согласно протоколите за заштита од Ковид-19.

– Утре и задутре во ОСУ„ Дрита“ Кичево, ќе бидат тестирани 146 кандидати за реонски попишувачи и инструктори за претстојниот попис што треба да се спроведе во земјава во април. Секоја група кандидати ќе биде составена од по 12 лица, со целосно почитување на протоколите од носење на заштитни маски до држење на прописно меѓусебно растојание. Тестирањето на групите ќе се одвива во време од 45 минути, изјави Сапунџиоски.

Оние кои успешно ќе го положат тестот, од 26 до 29 март ќе ја поминат обуката по што целосно ќе бидат подготвени за теренскиот дел од пописот.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Имаме историска шанса да го добиеме Кичево, да биде симбол на соживот, а не на поделби

Јовановски: Сите оние коишто се уште се двоумат, нека размислат уште еднаш

А1он

(ВИДЕО) Јовановски: Нови садници во Кичево за почист воздух

„Анима Мунди“ со обвинување до градоначалникот Фатмир Дехари за 40 убиени кучиња во Кичево

А1он

18-годишно момче со автомобил усмрти пензионер, па избега од местото на нсреќата

Фатмир Дехари ќе се бори за уште еден градоначалнички мандат во Кичево

Горан Наумовски