САД планираат двојно да ја зголемат порачката на вакцината против коронавирус на компанијата „Џонсон и Џонсон“, која се дава во една доза, со набавка на дополнителни 100 милиони дози, изјави денеска официјален претставник на Белата куќа.
Американскиот претседател Џо Бајден тоа ќе го соопшти на состанокот со директорите на компаниите „Џонсон и Џонсон“ и „Мерк“ подоцна во текот на денот, изјави неименуван официјален претставник.
„Мерк“ се согласи да соработува со „Џонсон и Џонсон“ во производството на вакцини.
Производството на вакцини кај „Џонсон и Џонсон“ е побавно отколку што се очекуваше, а таа компанија нема да може да испорача ниту една доза од вакцините оваа недела.