Се прегледуваат снимки, се сослушуваат лица – пет дена се трага по убијците на двајцата скопјани во Топанско Поле

Од:

Полицијата и натаму трага по убијците кои усмртија две момчиња во Топанско Поле пред пет дена. Лицата кои со „калашников“ и пиштол убија 24 и 28-годишник од Скопје се во бегство. Од Министерството за внатрешни работи не соопштуваат дали веќе имаат осомничени лица. Засега е само познато дека се прегледувани снимки од видеонадзори од локални објекти, раскрсници и улици. Грозоморното убиство се случи во петокот ноќта, околу 3 часот.

„Во насока на расчистување на кривично-правниот настан, СВР Скопје презема мерки и активности по насоки на Основното jавно обвинителство во Скопје. До сега се преземени мерки на проверки и прегледување на видеонадзор, прибирање информации и сознанија за лица и возила од интерес, повикувани се лица и вршени се разговори со лица во врска со кривично-правниот настан, како и други мерки и активности согласно потребите. СВР Скопје презема интензивни мерки и активности за расветлување на кривично-правниот настан“, велат од МВР.

Додека полицијата трага по убијците и мотивите за убиството, сè повеќе шпекулации се шират за убиството. Низ медиумите кружат информации дека двете лица кои се убиени не биле сами во автомобилот, како и дека се обиделе да избегаат, но не успеале. Од МВР без детали додека трае истрагата.

Убиството на двајцата скопјани се случи на улицата Македонско-косовска бригада. Убиените се превезувале со автомобил марка „цитроен“. Неофицијално, пријавата била од лица кои случајно се затекнале на местото и слушнале пукање. При пристигнувањето на полицијата и Итната медицинска помош, тие биле мртви.

Истрага за случајот води и Основното јавно обвинителство.

Би можело да ве интересира

Скопјанец фрлал камења кон полицискиот хеликоптер што полнел вода од Лепенец

Двајца малолетници и две жени се уапсени за убиството во Тетово

Горан Наумовски

МВР: Има намалување во бројот на илегални транзитирања на мигранти низ Македонија

Во престрелка во Приштина убиен е маж, убиецот е во бегство

Уапсени се три лица за вчерашната престрелка во Тетово

Разрешен е началникот кој ќе носеше директорка на училиште на носилка во полициска станица

А1он