Израелските сили го уапсија имамот на џамијата Ал Акса во Ерусалим

Од:

Израелските сили рано утринава го уапсија шеикот Екрим Сабри, имам на џамијата Ал-Акса, во неговиот дом во окупираниот источен Ерусалим.

-Израелските полициски и разузнавачки тимови ја опколија куќата на имамот, по што побараа од него да замине со нив, изјави роднина на уапсениот имам за агенцијата Анадолија.

Израелците не сакаа да ја образложат причината за апсењето, додаде сведок на апсењето, кој сакаше да остане анонимен од безбедносни причини.

Куќата на Сабри се наоѓа во населбата Ал-Савана, од која се пружа поглед на стариот град Ерусалим.

Израелските власти во минатото неколкупати го апсеа имамот и дури неколку месеци му забрануваа влез во Ал-Акса.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски