Цвеќе на мирот за 69-тиот роденден на Бан Ки-мун

Од:

Здружението „Гороцвет“ и  Амбасадата за мир-Македонија  денеска напладне организираат манифестација „Роденденско цвеќе на мирот за Бан Ки-мун“ со  порака за мир, разбирање, слога и љубов за сите луѓе во светот.

Повод е 69-тиот роденден на генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун, за кој сликарот и хуманист Живко А. Поповски-Цветин подготви слика.

На поетско-ликовниот перформанс, што ќе се одржи во паркот спроти Ортопедскиот завод во општина Центар, ќе има повеќе учесници, а во музичкиот дел ќе настапат групата „Серенада“ и оперските пејачи Серафина Фантаузо и Вејчеслав Поповски.

Сликарот  Цветин, кој е иницијатор и организатор на настанот, симболично ќе подари 69 минијатури цвеќиња на мирот, а сликата за Бан Ки-мун со порака за мир ќе биде пратена по пошта во седиштето на ОН.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство