Шпанската групација ИбертАтлантик преговара за производство на руската вакцина

Од:

Инвестициската бизнис групација ИбертАтлантик разговара за можно производство на руската вакцина „Спутник V“ против коронавирусот, изјави извршниот директор Педро Мурино.

– Што се однесува до „ИберАтлантик“, можам да потврдам дека сме во преговори со уште некои други компании, кои не можам да ги именувам, како и со Рускиот фонд за директни инвестиции за предлогот „Спутник V“ да се донесе во Шпанија, на Пиринејскиот полуостров и на европскиот пазар, изјави Мурино за агенцијата ТАСС, без да прецизира до каде се разговорите.

Кон крајот на февруари, вицепремиерот Александар Новак изјави дека по разговорите со Шпанија за трговска и економска соработка, Русија изразила подготвеност да соработува со Шпанија за производство на вакцини и заедничка борба против пандемијата.

Би можело да ве интересира

ФДА ги одобри обновените Ковид-19 вакцини против сојот Омикрон БА.4 и БА.5

ЕК се подготвува за следната фаза на Ковид-19, треба да се зголеми вакцинацијата

А1он

ФДА: Сегашните вакцини не штитат најдобро од омикрон

А1он

Комисијата за имунизација во Грција препорачува четврта доза од вакцината за лицата над 60 години

А1он

Бурла: Интензивно работиме на годишна вакцина

А1он

Kараванот за вакцинирање против КОВИД-19 ќе трае уште два дена

А1он