Продолжуваат да важат само ланските дозволи за движење за служени потреби

Од:

Министерството за информатичко општество и администрација соопшти дека од дозволите за движење за време на полициски час кои ги издаде во текот на минатата година, продолжуваат да важат само дозволите издадени на барање на правни лица/институции, односно за движење на физички лица само за службени потреби.

Сите физички лица кои ја добиле дозволата за службена цел, може да ја отпечатат од својата е-маил адреса. Напоменуваме дека дозволите беа пратени од [email protected].

Вработените во полиција, армија, безбедносно разузнавачки служби, здравствени установи, слободно се движат исклучиво за службени цели.

Физичките лица не е дозволено да се движат за време на полицискиот час за приватни потреби, освен во случаи кои се итни (медицинска грижа, аеродром, меѓународен превоз на патници), за што мора да најават на службата 192 во Министерството за внатрешни работи.

Економските оператори да го користат Образецот за издавање на дозволи за движење за време на забраната и посебниот режим на движење што беше користен за време на вонредната состојба, за потребите на своите вработени и за истото да го известуваат Државниот инспекторат за труд и Министерството за внатрешни работи.

За нови потврди, потребно е правните лица/институциите да поднесат барање за дозвола преку порталот uslugi.gov.mk. Дозволите за движење на вработените во институции, медиуми, пекари/бурекџилници, погребални претпријатија, аптеки и приватни здравствени установи, на порталот uslugi.gov.mk го поднесува раководителот на институцијата/директорот/овластеното лице во Централен регистар за своите вработени.

Сите дополнителни прашања во однос на дозволите можете да ги поставувате на: [email protected]к информираат од МИОА.

Владата на Република Северна Македонија, поради состојбата со коронавирусот, вчера донесе одлука за забрана за движење на населението и на возилата од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија, во временски период од 22:00 часот до 05:00 часот следниот ден, почнувајќи од 10 март 2021 година (среда) до 22 март 2021 година (понеделник).

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски