Јакимовски ја промовираше ГРОМ во Куманово

Од:

Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ) денеска беше промовирана во Куманово.
Претседателот на иницијативниот одбор Стевчо Јакимовски нагласи дека ГРОМ нема да поддржува ниту една од партиите.

– Ние не се формираме за да некого задржиме на власт, ниту се формираме за некого да донесеме на власт. Нашата цел е да бидеме дел од власта, да формираме автохтона политика на граѓанската опција, рече Јакимовски.

Тој нагласи дека ГРОМ е партија која е отворена за сите и оти го избрале, како што рече, најтешкиот пат, патот на центарот.

Виктор Цветковски, поранешен претседател на Советот на општината Куманово, кој беше исклучен од СДСМ, даде поддршка на ГРОМ и истакна дека тоа е граѓанска опција која нуди нови идеи и нови лица.

И Јакимовски и Цветковски велат дека се разликуваат од доскорешните сопартијци од СДСМ по промоцијата на политичкиот дијалог.

Би можело да ве интересира

Голема загуба за сточар од Чашка: Гром усмрти 107 овци

Горан Наумовски

Гром усмрти американски турист на Етна во Сицилија

А1он

(ВИДЕО) Застрашувачка сцена: Гром уби фудбалер за време на натпревар

Горан Наумовски

Гром удри жена на плажа во Хрватска – носеше чадор за сонце

А1он

ГРОМ: Не е боледување, Сотир Лукровски избега од Карпош

Јакимовски: Наместо со идеи, визија и програма, власта на терен излезе со вреќи брашно

А1он