„Кафеаните работат до 9, полициски од 10 – има некоја логика?“, бурни реакции за воведување на ноќната рестрикција

Од:

Бројни коментари и критики доаѓаат откако Комисијата за заразни болести предложи воведување полициски час кој би траел од 22 часот до 5 часот наутро. За дел од граѓаните ваквата рестриктивна мерка е нелогична, имајќи предвид дека кафеаните и рестораните работат до 21 часот, а од 22 часот треба да почне полициски час.

Според коментарите, новата рестрикција е непопуларна и нема да даде резултати бидејќи границите се отворени, не се бара ПЦР-тест за влез во Македонија, а секојдневно додека е сончево кафеаните и кафичите се преполни и неретко нема дистанца меѓу луѓето.

Во еден од твитовите стои: „Кафичи и ресторани работат до 9. Полициски час од 10. Маски се носат на отворено, во затворени локали не мора. Дали има барем една логика во сиве овие закони?? Барем една!“.

„Од утре полициски час, така? Тамам работат кафичи до 21h и имаме саат време фора да се вратиме дома. Кое е фајдето да има полициски час во период од 22h до 5 наутро?“, стои во друг коментар.

„На чекор до колективен и оп полициски час“, пишува во твитот на Киднат.

„Во Амстердам ова се деси прошлата среда. Денски. Додека навечер имаше полициски час. Полициски час не е решението“, пишува друг корисник на „Твитер“.

Дел од граѓаните сметаат дека мерките не даваат резултати поради тоа што се нелогични. Тие велат дека не го разбираат задолжителното носење маски на отворено, ако се има предвид дека во кафулињата се седи без нив.

Дел, пак, сметаат дека полициски час од 22 часот е нелогична мерка.

Дел од корисниците на „Твитер“ се шегуваат со мерката за воведување полициски час од 22 часот.

За воведување полициски час, Владата треба да расправа на денешната седница. Комисијата за заразни болести оцени дека ваква мерка ќе има ефект, а предлогот е да трае две недели, колку што е траењето и на еден епидемиолошки циклус. Ова доаѓа откако анализите покажаа дека расте бројот на заразени лица од коронавирус, како и хоспитализирани.

Би можело да ве интересира

По насилните протести во Франција: Во градот Кламар се воведува полициски час

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Воведен полициски час во регионот на Одеса

А1он

Полициски час и забрана за музика во угостителските објекти во Солун, Халикидики и во уште девет грчки региони

А1он

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска