Земјотрес со јачина од 3,9 степени ја погоди областа Сисак, ноќеска околу два часа по полноќ, објави Европскиот медитерански центар за земјотреси (ЕМСЦ).
Епицентарот на земјотресот бил на 14 километри северозападно од Сисак, на длабочина од два киломера.
Според описите на жителите во коментарите на објавата на ЕМСЦ, земјотресот бил почувствуван во пошироката област на округот Сисак-Мославина.
Земјотрес со јачина од 3.1 степени по Рихтер го погоди регионот на Петриња утрово околу 9 часот.